Кумановци на спортскиот аеродром ги видоа воздухопловите на армиите на Македонија и САД

by Fokus

Илјадници граѓани од Куманово но и околината, денес имаа прилика одблиску да видат дел од воздухопловите, возилата и опремата кои ќе бидат дел одвежбата „Брз одговор 23“, а кои беа изложени на спортскиот аеродром „Аџи тепе“ во околината на градот.

На отворениот приказ на воздухоплови на Армиите на Република Северна Македонија и на Соединетите Американски Држави граѓаните со особен интерес ги проследија борбен хеликоптери од типот „AH-64 Apache“, транспортните хеликоптери „UH-60“ и „HH-60“ (black hawk), „CH-47“ (Chinook), и „Ми 8/17“ .
Од возилата и опремата граѓаните можеа да се запознаат со возила од видот„Хамви“ со различен вид вооружување, специјализирани АБХО и амбулантно возило, лесното тактичко оклопно возило „JLTV“, оклопни возила „Кобра“ и„Хармелин“ , падобранска опрема, алпинистичка, нуркачка, АБХО и друга опрема.

Како дел од цивилно воената соработка, на спортскиот аеродромот можеше да се види и изложба на цртежи на учениците од средните кумановски училишта.

Вежбата „Immediate Response 23“ која официјално отпочнува утре ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија оваа година, соучество на армиите на: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и Косово.

Поврзани новости