Кумановскиот кризен штаб бара укинување на паричната казна за неносење маска

by Фокус

Кризниот штаб Куманово бара од Владата да ја измени уредбата и наместо казни од 20 евра за неносење заштитна опрема, граѓаните да извршуваат општествено одговорна работа.

Исто така, кумановскиот штаб донел одлука да се овозможи одржување концерти на јавен простор за време на полицискиот час на групи кои ќе поднесат барање и ќе ги почитуваат препораките за заштита.

„ОШЗС Куманово донесе одлука да се дозволи организирање и одржување на музички концерти на отворен простор на градскиот плоштад и пред платото на НЦУК „Трајко Прокопиев” за време на траење на полицискиот час, за кои заинтересираните културни институции, здруженија и групи ќе доставуваат претходно барање до ОШЗС и ќе ги почитуваат мерките и препораките на Владата на РСМ и ОШСЗ Куманово“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости