Кумановската болница остана без возила за итна помош по синоќешниот судир

by Фокус

Кумановската болница во моментов е без возило за транспорт на пациенти, откако вчера едно од нив се преврте во сообраќајна несреќа, а останатите две се на сервис.

Како што изјави за „360 степени“ директорката Снежана Захариева, болницата во меѓувреме ќе позајми возило од скопската Итна помош,

Таа вели дека возачот на амбулантното возило и медицинската сестра се пуштени од болница, додека пациентката која ја транспортирале е на Клиниката за кардиологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Сообраќајната незгода се случи синоќа пред полноќ во близина на ЕУ инфо-центарот во Скопје, каде амбулантното возило кое превезувало 72 – годишна кардиолошка пациентка од Куманово се судри со „фолксваген туран“, со скопски регистарски таблички.

Поврзани новости