Кумановскиот Општински штаб за заштита и спасување бара од Комисијата за заразни болести да се смени алгоритмот за тестирање од новиот корона вирус и Владата да одбезбеди бесплатни маски за граѓаните на Куманово. Ова се дел од барањата на општинскиот штаб кои беа донесени на вчерашниот состанок кој се одржа по конференциска врска.
-Стриктното почитување на вака поставениот алгоритам претставува длабока ирестриктивна форма на тестирање со што со ваков мал број на тестирања може да се добие несоодветна епидемиолошка проценка на состојбата а со тоа и немање никаква можност за евентуално тестирање на асимптоматски случаи кои може да бидат извор на ширење на заразата, се вели во заклучокот на општинскиот кризен штаб.
Состаноците на штабот се одржуваат редовно иако градоналаникот на Куманово, Максим Димитриевски е во изолација, откако тестот за корона вирус се покажа позитивен. Поради средбата со него во изолација се и техничкиот премиер и министерот за здравство. Освен овие барања Куманово ги задолжи институциите на локално ниво да ги стават на располагање своите возила за потребите на ОШЗС Куманово, а истото се препорачува и на институциите на централно ниво.
– Општина Куманово набави дополнителна количина на заштитни маски кои од утре ќе се делат бесплатно на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот. Граѓаните за социјални пакети можат да се информираат на телефонските броеви: 075323569, 075207126 и 077719494 како и на телефонскиот број на ОШЗС Куманово 078365061. Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен и во затворен простор. Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за задолжително држење на физичка и социјална дистанца во меѓусебна комуникација и контакти.
Апел до граѓаните на Куманово за доследно почитување на мерката за излегување и движењена само еден член од семејствотово делот на набавка на прехрамбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството, се вели во соопштението на општината.