Општинскиот штаб за заштита и спасување бара во Куманово да не се затвораат угостителските објекти во недела како што се најавува бидејќи во овој град се почитувале препораките на Владата.
– ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби. Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата, соопштуваат од кризинот штаб.
Апелираат до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца.
Информираат дека до денеска во Куманово, Ковид-19 е регистриран кај 1.473 лица, вкупно оздравени се 1.164, починале 49 лица, а активни се 260.