787
Кумановец заработи кривична пријава за уцена, откако со компромитирачки снимки и се заканувал на девојката со која бил во врска, а која ја одбила неговата брачна понуда.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи, велат од МВР.