Кумановка го дала своето новороденче на посвојување за 4.000 евра, кривична пријава и притвор за жената и уште четири лица

by Fokus

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55), сите од Скопје и против М.М.(41) од Куманово поради постоење основи за сторено кривично дело „трговија со дете“.

Во текот на 2024 година, пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Ѓ.К., користејќи ја финансиска состојба на пријавената М.М., која била бремена, ја измамиле така што ѝ обезбедиле финансиска помош во висина од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новородено бебе.

- Advertisements -

На 18.02.2025, откако М.М. родила женско бебе, со нотарска изјава му дала старателството на А.М., дека бебето го остава доброволно на чување, воспитување и издржување, за што и била исплатена сума од 4.000 евра. Од страна на судија на претходна постапка, на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А. и Ѓ.К. им е одредена мерка домашен притвор.

Поврзани новости