Кумановка (30) се преврте со четирицикл – тешко е повредено нејзиното петгодишно дете

by irena 12:39
12:39

Тешка сообраќајна несреќа се случи викендов во кумановското село Доброшане, во која повредени се три лица, меѓу кои две малолетни деца.

Според информациите од МВР, несреќата се случи завчера околу 20:15 часот, на крстосницата од улиците „Козјачка“ и „Велко Стаменковски“ во с. Доброшане.

„30-годишната С.П. од с. Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и се превртела на коловозот“, информираат од МВР.

Во четирициклот со неа се превезувале и нејзините две малолетни деца.

Во превртувањето, со тешки телесни повреди се здобил нејзиниот петгодишен сопатник, додека со телесни повреди се здобиле 30-годишната возачка и осумгодишното дете.

Сите повредени се пренесени во Општата болница во Куманово, каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани повредите.

Слични вести