Кумановец се скарал со соседот па пукал со автоматска пушка

by Fokus

Вчера вечерта, жител на с. Слупчане пукал во воздух со автоматска пушка по претходна расправија со соседот.

„На 18.05.2020 околу 19.30 во СВР Куманово било пријавено дека во с.Слупчане, кумановско, по претходна расправија со неговиот сосед С.И., Н.М испукал еден проектил во воздух од автоматска пушка. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што била пронајдена и подигната една чаура. Н.М. бил приведен, а му било одземено и оружјето. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости