671
Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 20.30 часот го привеле И.С.(49) од Куманово за издржување казна затвор за извршено кривично дело по чл.396 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.
Од МВР денеска соопштија дека приведувањето е извршено по претходна судска наредба од Основен суд Куманово.
Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Куманово.