250
Кумановските пожарникари вчера извадиле човек кој паднал во бунар, во кумановската населба Карпош, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
– Добивме повик од 112 дека човекот пропаднал во длабок бунар од околу 15 метри. Се упативме и со помош на јажиња, појаси, успешно го извлековме човекот и го предадовме на екипа на Итна помош Куманово за натамошно лекување – изјавил Сашо Илиевски, командир на смена кој заедно со уште двајца колеги учествувале во интервенцијата која завршила во 13:50 часот.
Како што е наведено во дневниот билтен на РЦУК, човекот е во добра здравствена состојба.