494
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот на 18 февруари, во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 108,66 грама спакувана во повеќе различни пакувања. При претресот биле пронајдени и една дробилка со остатоци од марихуана и една дигитална вага за мерење, информираат од Обвинителството.
Ценејќи ги сите околности во предметот и здравствената состојба на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.