Кумановската полиција при извршена контрола не го пронашла 67 годишниот кумановец кој требал да биде во самоизолација, откако се вратил од Белгија. Сопственик (60) на угостителски објект работел и покрај забрана за работа, а биле затeкнати и двајца кои консумирале пијалоци. Против двајцата пoднесени се кривични пријави, соопшти денеска СВР Куманово.
Вчера до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против А.С.(67) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик. Пријавениот, враќајќи се од Белгија, како ризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација, на 17 март годинава, влегол во државата преку ГП Меѓународен аеродром Скопје, при што потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. При извршена контрола на 18 март, полициски службеници од СВР Куманово не го пронашле на адресата која ја навел во изјавата.
СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесена и кривична против Д.Т. (60) од Куманово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 ст.1. од Кривичниот законик на РСМ.
На 18 март годинава, пријавениот, како сопственик на угостителски објект „Олимписко дерби“, лоциран во Куманово на улицата „Моша Пијаде“ бр.196, постапувал спротивно на издадена мерка од Владата при што објектот бил отворен и во него биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.
Завчера, полицијата до ОЈО Куманово поднела и кривична пријава против Л.С.(19) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На втори декември, лани,во 15.30 часот, на улицата „Д-р Рибар“, при извршен преглед кај него од страна на полициски службеници, пронајдена и одземена била марихуана, а деветнаесетгодишникот бил лишен од слобода.