Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово, затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општата болница Куманово.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Според информациите од кумановската болница, медицинската сестра била нападната додека ги извршувала своите работни задачи во амбуланта, кога од зад грб и пришол напаѓачот и ѝ ставил чаршаф на главата, по што почнал да ја дави и да ја удира.
Таа паднала на подот, по што тој ѝ ја затнал устата со рака за да не може да вика. Ги земал ножичките за сечење газа од бирото и ја прободел во левото рамо и по вратот, по што жената се оневестила.
Унијата на ЗМСТАС, предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ јавно го осудија а вчерашниот напад врз медицинската сестра од општата болница во Куманово.