395
Жител на Куманово доби кривична пријава поради сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, тепајќи ја својата сопруга и заканувајќи се кон останатите членови на семејството.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ф.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил продолжено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 22.06.2019 година околу 20.00 часот во Куманово, при семејна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга М.Ф.. Нејзиниот татко, кој бил присутен во домот, се обидел да го спречи, по што пријавениот упатил закани и кон него и кон членовите на семејството“, соопштуваат од МВР.