422
Кумановец синоќа ја истепал мајка му, а полицијата при претрес му нашла мариуана.
-На 18.08.2023 во 19.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С.(39) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка и затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно докумeнтирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.