Триесетгодишен кумановец заедно со двајца осуденици пуштени на викенд се осомничени за сквенравењето на гробот на младата кумановка која загина во сообраќајна несреќа.
Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово.
Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.
-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32) двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата.
СВР Куманово ќе поднесе соодветни кривични пријави против инволвираните лица, по целосно документирање на случајот.
Девојката загина во јануари 2020 година во скопски Илинден.
Во скопскиот кривичен суд почна и се одвива судењето против млад кумановец, кој е е обвинет за предизвикување на сообраќајната несреќа во која загина 17-годишната девојка.
Tаткото на загинатата девојка беше приведен во кумановската полиција поради сомнеж дека барал платен убиец за ликвидација на човекот кого го смета за одговорен за смртта на девојката.