103
На 16.06.2024 полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Куманово.
Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.