408
Протести против одлуката за аболиција на Иванов вечерва имаше низ повеќе градови во Македонија.
Гласот против општата амнестија го дигнаа и кумановчани кои со транспаренти „Ние не ве аболицираме” и „Нема правда нема мир” излегоа на демонстративен марш пред Основниот суд.
Покрај масовниот протест во Скопје, демонстрации имаше и во Струмица, Штип , Велес и Битола.