Куман ја сака ѕвездата на Интер

by Fokus

Предводникот на Барселона, Роналд Куман би сакал да го ангажира напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, во летниот преоден рок, објави на Твитер новинарот Франческ Агилар.

Според изворот, 57-годишниот тренер смета дека трансферот на Белгиецот за клубот ќе биде поефикасен, отколку купување на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Дваесетгодишниот Норвежанец е желба на претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта.

Лукаку оваа сезона одигра 25 натпревари во Серија А, постигнувајќи 18 погодоци и осум асистенции.

Поврзани новости