Кулханек: Не смее да има нови одложувања за Северна Македонија

by fokus

Нашата зедничка посета на Северна Македонија има цел да испрати јасна и гласна порака дека сериозно го цениме напредокот којшто земјата го направи до сега во процесот на пристапување кон ЕУ. Почетокот, всушност на вистинските преговори за членство на Северна Македонија одамна доцни и Чешка, Австрија и Словенија, како и други истомисленици меѓу земјите членки на ЕУ силно ја поддржуваат иницијативата на португалското претседателство со Унијата да се организира првата меѓувладина конференција во јуни. Не смее да има нови одложувања. 

Ова денеска го порача чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек кој е во посета на земјава, во својство на еден од претставниците на неформалната групата земји членки на ЕУ „Ц5. Ова, рече тој, е навистина одлична група од пријатели.

-Клучно е да знаеме дека овој важен чекор во процесот на пристапување е искомплициран поради билатерален спор со соседна земја. Градењето добрососедски односи е клучна компонента на процесот за пристапување. Сепак користејќи го овој процес за да се поставуваат конкретни билатерални барања, не е фер, и не е во ред. Се надеваме дека овој билатерален спор ќе се реши преку билатерални преговори навремено, истакна Кулханек.

Средноевропските земји имаат богата историја на сложени односи и спорови, но, според чешкиот министер, тие успеале да ги надминат несогласувањата и да станат силни партнери и пријатели во рамките на поголемото европско семејство на ЕУ. 

-Сите ги споделуваме нашите ставови и загриженоста на нашите партнери од Западен Балкан,но мораме да гледаме напред, мора да се фокусираме на она што можеме да го направиме за Северна Македонија и за целиот регион. Интеграцијата на регионот во ЕУ е наш стратешки избор и тоа треба да биде на врвот на нашите мисли кога ќе дојде време за Самитот на ЕУ. Би сакал да ве уверам дека во таа насока Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан можат да сметаат на нашата целосна поддршка, порача министерот за надворешпни на Чешката Република, Кулханек.

Тој ја пофали нашата земја, за како што рече, храбриот напор да го сузбие протокот на мигранти и нагласи дека Чешка е силен поддржувач на Северна Македонија.

Во одговор на новинарско прашање Кулханек рече дека неможе и несмее да се дозволи да се заглави во ваквите историски спорови и барања.  

-Ја планираме оваа конфернција во јуни, го спомнавме тоа, и сакаме да направиме се што е можно за да таа се случи и затоа сме овде сите тројца министри за да ја покажеме нашата силна поддршка за С Македонија, потврди уште еднаш Кулханек. 

Поврзани новости