548
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска по повод бунтот на руската паравоена формација „Вагнер“ изјави дека сега е време да се напушти лажната неутралност и стравот од ескалација.
„Оние кои рекоа дека Русија е премногу силна за да изгуби – погледнете сега“. Време е да се напушти лажната неутралност и стравот од ескалација… Дајте ѝ го на Украина сето потребно оружје; заборавете на пријателството или бизнисот со Русија“, напиша Кулеба на Твитер, пренесе Танјуг.
Тој посочи дека е време „да се стави крај на злото што сите го презираа, но премногу се плашеа да го соборат“.