Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.
Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“.
– Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, напиша Кулеба на Твитер.
Ова е втор украински градоначалник за кој украинските власти тврдат дека бил киднапиран од руските сили. Во петокот беше киднапиран градоначалникот на Мелитопол Иван Федоров.
Киднапирањето на Федоров предизвика протести на локалните жители кои извикуваа „ослободете го градоначалникот“.
Локална телевизија синоќа соопшти дека Галина Данилченко, поранешна членка на советот на градот е нова градоначалничка на Мелитопол.
Данилченко ги повика жителите да не учествуваат во, како што рече, „екстремистички акции“.
Во градот е најавен полициски час, а протести се забранети.