Кулеба повика Русија да се прогласи за терористичка земја

by Fokus

Украинското Министерство за надворешни работи ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на казнено-поправниот дом Оленивка, кој е под контрола на проруските сили и во него се држат украински затвореници.

– Ги повикувам сите партнери најостро да го осудат ова брутално кршење на меѓународното хуманитарно право и да ја прогласат Русија за терористичка држава, напиша Кулеба на Твитер.

Украина и Русија денеска меѓусебно се обвинуваат дека се одговорни за нападот на Оленивка, а Москва соопшти во нападот загинале 40 лица.

Поврзани новости