Кулеба: Ако не ги отворите преговорите со ЕУ, последиците ќе бидат поразителни

by Fokus

Дмитро Кулеба – украинскиот министер за надворешни работи денеска предупреди на „погубни последици“ во случај на недостиг на консензус меѓу 27-члениот блок за отворање на пристапните преговори на неговата земја со Европската унија.

„Не можам да замислам, дури и не сакам да зборувам за катастрофалните последици што би резултирале ако Европскиот совет од 27 не ја донесе таа одлука“, рече Кулеба.

Тој смета дека недонесувањето одлука за отворање на пристапните преговори би било штетно не само за Украина, туку и за процесот на проширување на ЕУ.

„Ние го направивме нашиот дел. Очекуваме ЕУ да го направи својот дел “, рече тој.

Кулеба и порача на Европа дека „не може да оди против текот на историјата“.

„Украина ќе стане членка на ЕУ. Единственото прашање е дали некој ќе го забави тој процес, што би имало цена , или ќе напредуваме без запирање“, додаде тој.

Поврзани новости