Новиот предлог закон за родова еднаквост се повикува на правата на жените, но суштински се фокусира на правата на трансродовите индивидуи, рече академик Катица Ќулавкова во обраќањето на протестот на МПЦ-ОА што вечерва се одржа во Скопје.
Таа во својот говор предупреди дека приказната не е наивна и дека се прави конфузија со поимите пол и род.
„Се прави конфузија помеѓу поимите пол и род. И во самиот закон за родова еднаквост се мешаат категорите пол и род, поради што законот не може да биде одржлив. Трансродовата концепција поттикнува променливост на идентитетот. Ги загрозува правата на жената. Конфликтна е и се служи со говор на омраза. Трансродната приказна ги релативира идентитетите, до тој степен што ги укинува“, рече Ќулавкова.
Таа во својот говор рече дека не разбира зошто треба да се парадира со интимата. Според академик Ќулавкова веќе се предмет на едукативно моделирање на умот, иако уште не научиле да се изразуваат и се без изградена самосвест.
„Тие не се свесни за замките од промената на биолошкиот пол. Веќе се чувствуваат последиците и време е за сериозен дијалог“, рече Ќулавкова.
Според неа, благородната идеја за отстранување на дискриминација поради еротизам, се претвора во портал за влез во изопачен квир свет.
„Неолибералниот наратив на виножитото требаше да ги симболизира нијансите на идентотот, со цел да нема дискриминација, а за жал воведува нова дискриминација. Бесконечна трансродност и нетрпеливост за хетеросексуалните идентитети“, рече Ќилавкова
Во својот говор на собирот академик Ќулавкова рече на Западот се случува позитивна дискриминација по трансродова основа и дека се доделуваат финансии на проекти што ги засегаат трансродовите лица. Според неа приоритети на ЕУ стануваат трансродовите инденти, а тоа се бара и од аспирантите за членство и земјите членки.
Приказната за женските права на опшстествена, рече таа кон крајот на 20-от век се поткрепи академски и научно со феминистичките студии.
„Но овие студии за кратко време се претворија во родови студии, нудејќи нова приказна маргинилизирајќи го основниот идентитет на жената и мажот. По родовите студии следи приказната на трансродовите идентитети, со што симпатичната бајка за рамноправност на жените се трансформираше“, рече Ќулавкова.