758
Кривичниот суд му одреди куќен притвор од 30 дена на битолскиот градоначалник Владимир Талески, за случајот „Транспортер”.
Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за Талески, а неговите адвокати слобода, по што и двете странки ја обжалија првичната одлука со која му беше одземен пасошот. По жалбите, кривичниот совет ја соопшти новата одлука куќен притвор за Талевски.
Инаку, СЈО ја продолжи истрагата против битолскиот градоначалник, веднаш по повлекувањето на аболициите. Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер” во кој ќе одговара за коруптивни тендери со превозот на ученици, со што државата ја оштетил за 360 000 евра.