3.4K
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вечерва е во куќен притвор, неофицијално дознава Фокус, од доброупатени извори.
Како што дознаваме, досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот Таргет и Тврдина.
Фокус побара и очекува официјална информација од Кривичниот суд.
Инаку, вечерва пред домот на Мијалков има засилено полициско присуство.
Мерката куќен притвор доаѓа пред закажаната пресуда на 26 февруари за “Таргет и Тврдина”, односно за масовното незаконско прислушување во УБК.