491
Куќата во која утринава експлодирала бомба-кашикара е на 26-годишниот Марио Цветковски, поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој утринава околу 3.30 часот ја известил кумановската полиција дека слушнал детонација на терасата од семејната куќа.
Кога полицијата стигнала на лице место утврдила дека станува збор за фрлена бомба-кашикара чии фрагменти се најдени во дворот на куќата. Од експлозијата било скршено прозорското стакло, а била оштетена ролетната и ѕидот. Повредени лица нема, соопшти полицијата.
Марио Цветковски краток период беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата беше сменет.
Од полицијата тврдат дека зад нападот нема политичка заднина.