524
Непознати сторители нацртале кукасти крстови на споменикот на Крали Марко во центарот на Прилеп, се наведува во соопштението од општината.
– Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрираа овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот беше исчистен. Случајот е пријавен во полиција.Општина Прилеп го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во полициската станица“, се вели во соопштението.