На Европската Унија и е потребна Северна Македонија, исто како што на Северна Македонија и е потребна Европската Унија. Секоја земја станува полноправна членка со своја историја и свој идентитет, така ќе биде и овој пат.
Ова се главните пораки што ги упати европратеникот Илхан Ќучук кој денеска во АУЕ-ФОН од проф. д-р Насер Етеми, претседател на Сенатот, прогласен за „почесен доктор” – Honoris Causa за придонесот на европеизација и креирање на добри политики и добрососедство како претседател на АЛДЕ и известувач за Македонија за Европскиот Парламент.
Тој потенцираше дека Северна Македонија го избра патот да изгради мултиетничко општество во кое сите коегзистираат.
– Охридскиот рамковен договор ги постави основите на овој соживот, кој стана пример за мултикултурна демократија. Денес тоа го ценат и меѓународните партнери. Северна Македонија свесно го избра патот на добрососедство и пријателство, потпишувајќи го договорот со Бугарија во 2017 година и Договорот од Преспа во 2018 година, со што се отвори патот на земјата кон НАТО и кон Европската Унија. Денес, Северна Македонија е почитувана членка на НАТО и пред само неколку месеци беше отворен нејзиниот пат кон ЕУ, рече Ќучук.