Ќучук: Изборот е исклучиво на државата, дали ќе го продолжи патот кон ЕУ

by Fokus

Северна Македонија е наш сосед и стратешки интерес на Бугарија треба да биде заедно да бидеме дел од НАТО и ЕУ на Балканот. Ова е иднината, изјавил бугарскиот европратеник Илхан Ќучук во интервју за „БНР“ пред денешната расправа во македонското Собрание за уставните измени.

Според него, нема да има промена на ставот на ЕУ – нема желба, ниту ЕК и Советот ќе се заложат за промена на правилата неколку месеци пред европските избори.

Правилата се такви, тие се договорени и сите мора да ги почитуваат. Второ- нема да има подобар предлог, затоа што ова е најдобриот. Никој не му ги извртува рацете на Скопје, никој не поставува дополнителни услови. Ова не е никаков бугарски диктат, туку ова се европските правила кои Северна Македонија мора да ги следи, коментира Ќучук.

Европратеникот тврди дека изборот е исклучиво на нашата држава.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизацијата на РСМ, одговорноста е на партијата, но за жал, тоа ќе го запре патот на Северна Македонија кон ЕУ, за време кое нема да биде многу кратко, категоричен бил Ќучук.

Тврди дека сосема е реално Албанија да се одвои од пакетот со Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Политичарите да не се мешаат во историјата, категоричен е европратеникот.

Историјата треба да се остави во рацете на историчарите, а политичарите треба да гледаат во иднината. Денешните политички елити на Бугарија и Северна Македонија имаат многу различни работи да одлучуваат кога зборуваме за иднината. Тука се вклучени деловни односи, култура, образование – сè што мора да се направи за да можат двете земји да се зближат како земји, имајќи го предвид нивното заедничко минато, да бараат заедничка иднина во рамките на ЕУ. Тоа е во интерес на двете земји, рекол Ќучук, кој признал дека постојат тензии меѓу двете соседни земји

Поврзани новости