Кучиња нападнале тринаесетгодишно дете во Битола додека си играло пред зграда. Детето било пренесено во болница и е во добра состојба.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски порача долгогодишното непостапување на институциите довело до овва вест.
-Побарав итно постапување кај Стара болница од страна на фирмата со која општината има склучено договор за заловување и третман на бездомни животни и кои во изминатите 6 месеци имаат третирано 60 кучиња скитници во централното градско подрачје.
Не смееме да дозволиме вакви ситуации да ни се повторуваат, независно дали станува збор за дете или возрасен граѓанин.
Мораме сите, локалната самоуправа, здруженијата за заштита на животните, полицијата, да делуваме заедно.
Повикувам на заедништво и преземање на сите законски мерки од страна на сите чинители, напиша Коњановски.