470
Кучето од расата „Ротвајлер“ кое искаса осум луѓе, а пред неколку дена беше заловено, ќе биде усмртено, откако ќе се извршат сите проверки за заразни болести.
Се уште е непознато кој е несовесниот сопственик кој откако го чувал, го пуштил кучето на улица.
Од претпријатието Комунална хигиена апелираат доколку некој забележи агресивно куче веднаш да пријави кај нив за нивните екипи да излезат на терен и да го уловат.
Инцидентот со кучето во скопската населба Аеродром предизвика масовно фрлање на отров по скопските улици за да ги усмртат кучињата скитници. Отровот најмногу се остава по парковите и игралиштата каде може лесно да дојде и до децата.