Кучето – командант на претседателот, Џозеф Бајден каснало друг агент на американската тајна служба во Белата куќа во понеделникот вечерта, објавија американските медиуми, наведувајќи дека ова е 11-ти пат овој двегодишен германски овчар да касне член на претседателското обезбедување.
„Вчера околу 20:00 часот, униформиран полицаец на Тајната служба дошол во контакт со миленикот на претседателското семејство, кој го каснал. Медицинска помош на повредениот службеник му пружила стручен персонал во Белата куќа“, изјави за Си-Ен-Ен шефот за комуникации на тајната служба Ентони Гуглиелми.
Повредениот припадник на Тајната служба во разговор со шефот на неговиот оддел Алфонс М.Дајсон потврдил дека е добро, рече Гуглиелми.
Кучето на Бајден, Командант, најмалку 11 пати ги нападнало и каснало членовите на Тајната служба распоредени во Белата куќа и во семејната куќа на претседателот во Делавер, според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на кореспонденција на американската тајна служба.
Претставници на Белата куќа во јули потврдија дека Бајденови, по бројните инциденти, побарале имплементација на нови протоколи за обука на нивното семејно милениче, пренесува Танјуг.