Куче скитник касна за потколеница 19-годишно девојче

by fokus

Куче скитник нападна 19-годишно девојче на улицата „Лука Геров“ во општината Ѓорче Петров. Кучето го каснало девојчето во пределот на потколеницата, од десната нога.

Случајот вчера во 21.30 часот во полиција го пријавила повредената К.М. Истата била однесена во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде и била укажана лекарска помош.

 

Поврзани новости