Скопјанката Сандра Лазаревска на Фејсбук го сподели своето непријатно искуство при напад од улично куче на пешачка патека во скопската населба Карпош.
Како што пишува, таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со рани на стомакот.
– Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20
На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување.
Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и де стрчаа да ми помогнат…
И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?
Скраја да е! – напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил и ги повика надлежните да го решат овој проблем.