159
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Куба е на работ на колапс, оти наскоро ќе падне и затоа бара договор со САД.
-Куба ќе падне наскоро – рече Трамп на Си-ен-ен.
Тој додаде дека Хавана сака договор со Вашингтон.
-Тие сакаат да постигнат договор, па затоа ќе го испратам државниот секретар Марко Рубио таму и ќе видиме како тоа ќе функционира. Навистина сме фокусирани на ова во моментов. Имаме многу време, но Куба е подготвена по 50 години – рече Трамп.