734
Кубанскиот здравствен регулатор ја одобри втората локално развиена вакцина против Ковид-19 за последната фаза на клиничките испитувања.
Вакцината се вика Абдала и е именувана по поема на кубанскиот национален херој Хозе Марти. Вакцината, како и првата локална вакцина Соберана 2, е насочена кон шилестиот протеин на коронавирусот.
Властите бараат 48.000 волонтери на возраст од 18 до 80 години за да ја тестираат новата вакцина. Тестовите ќе завршат во јуни, а првите резултати ќе бидат објавени во август.
Островската држава регистрира 600-1000 нови случаи на ден, далеку повеќе од неколку нови случаи пред една година. Од почетокот на пандемијата, Куба регистрира повеќе од 64 000 случаи на инфекција и над 380 смртни случаи.