КСС: Да престане линчот кон јавната администрација!

by Fokus

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да престане, како што се вели, линчот врз јавната администрација и заканите за намалување на платите и отпуштање.

Во соопштението испратено до јавноста, КСС прашува дали може со уредба да се укинат веќе стекнатите права со Законот за работни односи и со колективните договори. Укажуваат дека платите во јавниот сектор се под републичкиот просек и оти се скратени надоместоците на плата освен во здравството, полицијата и армијата.

Од КСС посочуваат дека вработените во јавниот сектор секојдневно оделе на работа како и пред корона кризата и оти оние што биле ослободени од доаѓање на работа, работеле од дома.

– Вработените во јавниот сектор, за да ја знае целата јавност вистината, од кога е продолжен полицискиот час од 16:00 да биде од 19:00, сите вработени секојдневно одат на работа како и пред корона кризата. Отсутни се само оние кои ги користат мерките за дете до 10 години како и оние со хронични болести, па ќе ги запрашаме работодавачите дали ги почитуваат мерките или делат откази, а надлежните дали инспекторатите си ја вршат својата работа. Вработените во детските градинки кои се со плата од 14 500 денари па нагоре во скоро време ќе отпочнат со работа, со цел ризик ќе ги отворат градинките, а наставниците кои што имаат on-line настава со која имаат до трипати повеќе работа, вложуваат дополнителен труд за да ги опфатат сите ученици, се вели во соопштението.

Поврзани новости