(ВИДЕО) Мукаетов: Работиме со посветеност, градиме и создаваме за идните генерации

by irena 21:31
21:31

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во своето новогодишно обраќање се осврна на предизвиците во 2025 година, како и на претстојната 2026 година во која компанијата слави 90 години од нејзиното основање.

“Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – ЛУЃЕТО!“, вели тој.

Компанијата, според него, и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија. Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики.

“Во 2025 одбележавме 50 години од воведувањето на информатичката технологија, која половина век е клучна поддршка во глобалната експанзија на компанијата. Континуирано инвестираме во нови софтвери и нивна интеграција во процесите, а во некои сегменти започнавме и со користење алатки на вештачката интелигенција“, кажа Мукаетов.

 

Слични вести