Автобуси нема ни за лек, веќе втор ден тотален хаос со градскиот јавен превоз во Скопје

by Fokus

И утрово на улиците во Скопје нема автобуси од јавниот превоз. Нафта за автобусите не стаса синоќа ни утрово, па автобусите останаа паркирани во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров.

Автобусите на ЈСП престанаа да возат од вчера попладне откако немаа од каде да наточат нафта. Вработените велат дека „Пуцко Петрол“ не им носи гориво оти ЈСП Скопје има долг кон фирмата.

Возат само 25 од 33-те автобуси на гас на МАН, кои беа купени во мандатот на екградоначалникот Петре Шилегов. Тие метан полнат на бензинските пумпи на „Макпетрол“.

За утре во 13.30 часот пред канцеларијата на Арсовска е најавен протест на жителите на Шуто Оризари кои подолго време немаат никаков јавен превоз и над 25.000 луѓе се целосно се отсечени од градот.

Хаос со градскиот превоз: ЈСП нема гориво, автобусите доцнат, а учениците пропуштаат часови

Протести се најавени и од студентите во петок пред Град Скопје.

И студентите ќе протестираат в петок пред Град Скопје

Актуелната градоначалничка Арсовска упорно тврди дека суетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски е причина за хаосот со автобускиот превоз.

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Поврзани новости