Кржаловски: Клубот може да се вика и „Адолф Хитлер“

by Fokus

Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во гостувањето во ТВ 24 даде своја анализа за случајот со отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Нема кај нас забрани за име, кое име сакаат можат, ако сака некој може да се именува и по Адолф Хитлер. Не може да забрани никој, ако целите на здружението не се уривање на уставниот поредок, како единствена забрана во законот. Тоа што беше од Министерството за правда, се однесува дека не го користат името Македонија. Само кога содржи име Македонија, мора да добие дозвола, бидејќи не го содржело името Македонија“, вели тој.

Поврзани новости