Тројца синови на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије се убиени во израелски воздушен напад врз Газа, соопшти палестинската исламистичка група и семејството на Ханија, пренесува Ројтерс.
Тројцата сина – Хазем, Амир и Мохамед – беа убиени откако автомобилот со кој патуваа беше бомбардиран во кампот Ал Шати во Газа, соопшти Хамас.
Во нападот загинаа и двајца од внуците на Хани, а третиот е ранет, јавуваат медиумите на Хамас.
-Нашите барања се јасни и конкретни и нема да правиме отстапки во однос на нив. Непријателот ќе биде во заблуда ако мисли дека таргетирањето на моите синови, во екот на преговорите и пред движењето да го испрати својот одговор, ќе го принуди Хамас да ја промени својата позиција, изјави Ханије за панарапската телевизија Ал Џезира.
-Крвта на моите синови не е подрага од крвта на нашиот народ, рече Ханије, која живее во странство во арапската држава Катар во Персискиот залив, пренесе Ројтерс.
Британската агенција посочува дека Ханије бил силен претставник на меѓународната дипломатија на Хамас додека беснеела војната со Израел во Појасот Газа, каде што неговата семејна куќа беше уништена во израелски воздушен напад уште во ноември.
Хамас вчера соопшти дека го проучува израелскиот предлог за прекин на огнот, но дека тој е „непопустлив“ и не исполнил ниту едно од палестинските барања.
Војната во која израелските воздушни и копнени офанзиви ја опустошија Газа влезе во седмиот месец, а Хамас сака крај на израелските воени операции и повлекување од енклавата, како и дозвола за раселените Палестинци да се вратат дома.