Во Домот на АРМ денеска од 9 до 17 часот ќе се одржи традиционалната 21. крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресветан Богородица. Со акцијата треба да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.
Организатори се Црвениот крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиска медицина.
Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица.
Празникот ја одбележува земната смрт на Богородица и, според Евангелието, тоа е денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на Спасителот.
Успение на Пресвета Богородица е еден од празниците на Богородица и се празнува секоја година на 28 август.