759
Раководството на општина Липково заедно со раководството на ДУИ денеска во Слупчане го отворија спомен-обележјето во чест на борците на УЧК.
Столчињата на кои седеа гостите беа испрскани со црвена боја која ја симболизираше крвта на загинатите борци на УЧК, а имаше оставено и по еден цвет.
Ахмети на отворањето истакна дека УЧК е составен дел од историјата на Македонија, преку која е постигнат Охридскиот договор, кој потоа доведе до Договорот од Преспа, кој го обезбеди членството на земјата во НАТО.