Најмалку 100 луѓе загинаа, а над 150 се повредени во пожар што избувнал за време на свадба во северен Ирак.
Пожарот избувнал околу 10:45 часот по локално време (19:45 часот по Гринич) во областа Ал-Хамданија во провинцијата Ниневија во северен Ирак. Сè уште не е јасно што го предизвикало пожарот, но првите извештаи говорат дека тој избувнал откако бил запален огномет.
Првичните извештаи на ирачките медиуми рекоа дека и невестата и младоженецот загинале во пожарот, но новинската агенција Нина подоцна објави дека тие преживеале.
Запалливите панели во просторот можеби го поттикнале пламенот, предизвикувајќи делови од таванот да се запалат и да паднат.
Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани нареди истрага за несреќата и побара од официјалните лица да ги мобилизираат сите и да им пружат помош на погодените.