Стравично злосторство ја потресе Албанија, кога рано утрово четириесетгодишниот Роланд Синани со пиштол ја убил својата снаа Мигена Синани, мајка на две деца, додека таа спиела во својата соба, а потоа се застрелал во дворот на семејниот дом.
Подоцна било утврдено дека таткото на Роланд, инаку стар и склеротичен, кога синот се застрелал, отишол кај него, му го зел пиштолот од рака и го фрлил на неколку метри подалеку.
Инаку, пред убиството мајката на Роланд го пресретнала со пиштолот во рака и го замолила да го остави оружјето, а потоа отишла во собата и се подготвувала да легне кога ги слушнала истрелите. Слушнала крик и отишла во собата на својата снаа, каде покрај мртвата мајка затекнала девојче-внуката како плаче.
Она што засега е познато е дека инцидентот се случил утрото околу 4 часот и 30 минути во домот на семејството Синани. Според информациите, убиецот отишол во собата во која спиеле сопругата на неговиот брат и двегодишната внука и ја застрелал со пиштол. После тоа излегол во дворот и се самоубил.