Крвава пресметка меѓу сопружници во Кочани: Сопругот избоден до смрт

by fokus

Крваво завршила расправијата меѓу двајца сопружници утринава во Кочани. Според информации од полицијата 55-годишен маж ја нападнал својата сопруга, но бил избоден во градите. Инцидентот се случил утринава околу 05.00 часот, а случајот во полиција го пријавил синот.

Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.

„На 30.09.2019 година во 05.20 часот во СВР Штип Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.”Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46) која се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани. Полициски службеници излегле на местото на настанот при што пронајдено е безживотното тело на В.С. со убодна рана во пределот на градите. Увид се врши од Јавен обвинител и екипа на ПС Кочани и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости