109
Четириесет и четири годишен маж во ноќта помеѓу саботата и неделата околу 2 часот е убиен пред бензинска пумпа во населбата Нео Космос во Атина, откако бил изрешетан со над десет куршуми.
Како што известува грчката државна телевизија ЕРТ, убиениот Б.З. е сопственик на бензинска пумпа, убиен во своето возило кога напаѓачите пришле со автомобил и пукале во него со пиштол и калашников.
Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, а на местото на злосторството биле пронајдени 81 чаури.
Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на оружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.